Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Leda Lux pro age крема за лице

Leda Lux pro age крема за лице

1.490,00 ден

SKU: 00000018 Category:

Leda Lux луксузна крема за лице со матични клетки од портокал и природна УВ заштита - дневно/ноќна рутина

Високо хидрантна хранлива крема за лице со лесна текстура за зрела кожа.

Синергијата од фито и арома терапија е насочена кон хидратација, изедначување на тенот, подобрување на тонусот и превенција и намалувње на длабочина на фини линии. Со редовна употреба кожата се регенерира, хидрира и исхранува.

Оваа лесно впивлива крема дава така наречен исполнувачки ефект, го надополнува изгубениот хијалурон, подтикнува синтеза на колаген и еластин.

Кремата е со потполно избалансиран соства на хидролат и липидни компоненти за да овозможи баланс на кожата и за да ја поддржи нејзината природна функција.

Со редовна употреба кожата изгледа здраво, негувано, се превенира создавање на нови брчки, визуелно се намалува длабочината на веќе постоечките брчки.

Содржи матични клетки од портокал, природна хијалуронска киселина, смил, масло од роза, шеа путер.

Идеална е како подлога пред пудра.

Текстура: Лесна, свиленкаста емулзија

Мирис: Цветно освежителен со преовладување на цитрусна нота, роза и смил.

Клучни активни компоненти

Матични клетки од портокал – Ин витро, ja зголемуваат пролиферацијата на клетките на кожата, ја подобруваат структурата на кожното ткивото и ја зголемуваат синтезата на колаген и други клучни протеини на екстрацелуларниот матрикс. Го подобруваат изгледот на кожата за да го вратат квалитетот на млада кожа. Клиничките студии покажаа дека матичните клетки од портокал можат да го подобрат изгледот на микрорелјефот на кожата со видливи резултати на подобро структуриран дермис.

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува исполнителен ефект со цел намалување на длабочината на брчките и длабока хидратација

Масло од роза –  содржи есенцијални масни киселини, каротеноиди и прекурсори на витамин А. Идеално е за брза регенерација на зрела кожа и фотооштетена кожа каде е неопходна брза регенерација и изедначување на невоедначен тен.

 Смил – ја негува чувствителната кожа, ги намалува брчките, ја зголемува цврстината на кожата

Липиден комплекс –  масло од роза, шеа путер, арганово масло, масло од семки од грозје – на кожата и ги даваат потребните хранливи материи

Арома терапија – ја опушта и релаксира мускулатурата на лицето. Кога мускулатурата е во грч се создаваат брчки. Ја измазнува и регенерира кожата. Го подига расположението преку синтеза на серотонин и допамин.

Начин на употреба:

Наутро и навечер нанесете ја кремата на измиено и исчистено лице. Нанесувајте ја со кружни движења од средината кон краевите на лицето. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето тело.

За максимален ефект нанесете некој од Eternity серумите за лице.

Ако имате дехидрирана, сува кожа пред нанесување на Leda Lux кремата нанесете Eternity H серум; ако сакате да го потенцирате pro age (антирид ефектот) тогаш одберете Fit Face серум. Ако сакате да потенцирате изедначување на тен тогаш пред Leda Lux кремата нанесете Eternity C серум.

Состав: масло од роза*/**, масло од семки од гројзе */**, арганово масло */**, шеа путер*/**, хидролат од смилје*/**, хијалуронска киселина*,  екстракт од малина*/**,  матични клетки од портокал* цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*/**, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, етерично масло од лимон без фурокумарини*/**, етерично масло од нероли*/**

*Состојки од природно потекло 99,5%

** Состојки од органски узгој 90,3%

Пакување: 50 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Leda Lux pro age крема за лице”

Your email address will not be published. Required fields are marked *