Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

НЕГА НА ЛИЦЕ

Почувствувај ја моќта на природниот хијалурон

Моќна Pro Age формула

Освежи ја својата автентична убавина

НЕГА НА ТЕЛО

Природна и здрава превенција на стрии.

ЗА НАС

Живееме во свет во кој секојдневно не потсетуваат дека стареењето не е добро, дека не сме совршени дека постојано треба нешто да поправаме на нас. Индустријата за убавина секојдневно не уверува дека имаме недостатоци кои треба да ги корегираме, но вистината е дека ние сме убави такви какви што сме. Ништо во врска со нашиот изглед не треба да се корегира. Ние носиме толку многу автентична убавина во нас што постои од самиот почеток, расте со нас и постојано се менува.

И не треба да бидеме совршени. Треба само да бидеме посебни и автентични. А годините, треба да бидеме горди на нив, тие во себе ја носат нашата мудрост, искуства и знаења!

Секоја линија на нашето лице е сведоштво за нашиот животен пат, на периодите на радост и успех како и  на научените лекции и надминатите потешкотии во животот. Не грижете се за недостатоците бидејќи нашето лице е книга со приказни за сите неверојатни авантури што сме ги искусиле, подемите и падовите низ кои сме поминале и сите знаења што низ животот сме ги спознале.

Затоа ние постоиме за да ви ја вратиме самодовербата во сопствениот изглед и да Ви помогнеме да се чувствувате добро во сопствената кожа. Ви нудиме производи кои на Вашата кожа и го даваат она што токму нејзе и треба – ништо повеќе, ништо помалку.

Нега на лице

Нега на тело

Трудници

СПФ (SPF)

Целулит

процес

КАКО ДА НАРАЧАМ

01.

најди производ

Одберете го саканиот производ и додадете го во „кошничка”. За повеќе производи повторете ја постапката. 

02.

Проверете ја кошничката

Пред да одите во делот за наплата проверете ја Вашата кошничка.

03.

внеси информации за достава

Пополнете ги Вашите податоци во соодветните полиња.

Одберете начин за наплата:

  • При достава
  • Со платежна картичка

04.

очекувајте го производот на вашата адреса

Доставата се врши преку карго во рок од 3-4 работни дена.

новости

последни новости

нашите клиенти

Игнеа козметика користам уште од првите обиди на Јана да создаде природен еликсир за младост и убавина и убедена сум дека изгледот на мојата кожа е резултат на допирот со природата без вештачки адитиви, козметика создадена со љубов, големо научно познавање и усовршување.

На работно место моето лице е постојано изложено на светлина од рефлекторот и често добивам прашања за тајната на свежиот и младешки изглед на мојата кожа. Со задоволство ја споделувам со сите, ИГНЕА козметика, особено серум Eternity H и Leda Lux кремата со матични клетки од портокал.

д-р Ирена Арсовска

Специјалист Ортодонт

Само со еден збор можам да кажам за вашите производи ФЕНОМЕНАЛНИ се. Сите производи: маслото, хијалуронскиот серум, кремите за лице, путерот за тело, сапуните… сите се фантастични. Се имам пробано и од ништо не би се откажала. Конечно во IGNEA го пронајдов тоа што го барав долго време. Кожата на лицето ми е здрава, мека, негувана и хидрирана, ја чувствувам како памукче 😉. Е сега борите можеби се малку намалени, ама сепак не можеме да ги избришеме нашите години. Меѓутоа може да се потрудиме да изгледаме убаво, свежо и здраво, а јас тоа го постигнав со IGNEA. Никогаш не би ги менувала производите на IGNEA. Жените треба да имаат можност да ги пробаат препаратите и никогаш повеќе не би купиле други.

д-р Татјана Тимова

Спец. по трансфузиона медицина

Путерот за стрии Mommy To Be e незаменлив. Ги пробав сите препарати и од ниеден не бев задоволна. Од 5ти месец на бременоста почнаа да се појавуваат стрии. Кога го открив Mommy To Be повеќе не го сменив. И немав нови стрии откако почнав да го користам. Дури имам чувство дека бројот на стриите се намали како и нивната видливост. Путерот е одличен од конзистенција, мазивост, нанесување. На крајот го мачкав по цело тело и никогаш во живот таква кожа не сум имала. Онаа е просто неверојатно. Нежно, мазно, примамливо. Секоја трудница ова мора да го користи.

Елена Крстевска

Економист

Ignea е огледало на нашата внатрешна и надворешна убавина освежена и негувана со Leda Lux со матични клетки од портокал и со секојдневен сјај со Fit Face серумот.

Анита Димовска

професор по англиски јазик и книжевност

Откако ги користам хијалуронот и кремата, мојата кожа, освен што е убаво хидрирана и добро нахранета – буквално свети! Продолжи да создаваш магија! Гушки

Тања Мишевска

Дипл. Хемичар

Вие ја имате најдобрата крема за лице, најдобриот хијалуронски серум, масло за сончање и најдобриот дезодоранс. Ова не е ни фалба, ни маркетинг, ни претерување. Ова едноставно е. Сум пробала доста ваши производи но овие 4 кај мене навистина прават разлика со видлив ефект.

Д-р Билјана Павлова

Спец. по општа медицина

Достава до дома

Заштита на потрошувачи

Наплата при достава