Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Leda крема за лице со масло од калинка

Leda крема за лице со масло од калинка

690,00 ден

This is an external product.

SKU: 00000001 Category:

Leda со масло од калинка и природна УВ заштита - дневно/ноќна рутина

Високо хидрантна хранлива крема за лице идеална за нормална кожа со масна Т зона.

Длабински ја хидрира кожата, го регулира лачењето на себумот и ја нормализира Т зоната, го изедначува тенот, го подобрува тонусот!

Оваа лесно впивлива крема го надополнува изгубениот хијалурон, поттикнува синтеза на колаген и еластин, длабински ја хидрира и исхранува кожата.

Кремата е со потполно избалансиран состав на вода, хидролат и липидни компоненти за да овозможи хидро- липиден баланс на кожата и да ја поддржи нејзината природна функција.

Ароматерапијата е брижливо одбрана и насочена кон регулирање на масната Т зона.

Со редовна употреба кожата изгледа здраво, негувано,измазнето, со воедначен тен.

Содржи природна хијалуронска киселина, смил, масло од калинка, шеа путер.

Идеална е како подлога пред пудра.

Текстура: Лесна, свиленкаста емулзија

Мирис: Цветно освежителен со преовладување на цитрусна нота и смиљ

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинско и длабинско хидрирање на кожата, одржување на тонусот и мазниот изглед на лицето.

Масло од калинка –  брза регенерација по изложување на УВ зраци, измазнувачки ефект

Смил – ја негува чувствителната кожа, ја регенерира, ја зголемува цврстината на кожата, ја спречува појавата на фини линии.

Липиден комплекс –  масло од калинка, шеа путер, арганово масло, масло од семки од грозје – на кожата и ги даваат потребните хранливи материи

Начин на употреба:

Наутро и навечер нанесете ја кремата на измиено и исчистено лице. Нанесувајте ја со кружни движења од средината кон краевите на лицето. Не го заборавајте вратот и деколтето.

За максимален ефект нанесете некој од Eternity серумите за лице.

Ако имате дехидрирана, сува кожа пред нанесување на Leda кремата нанесете Eternity H серум; ако сакате да го потенцирате pro age (антирид ефектот) тогаш одберете Fit Face серум. Ако сакате да потенцирате изедначување на тен тогаш пред Leda кремата нанесете Eternity C серум.

Состав: масло од калинка*/**, масло од семки од гројзе */**, арганово масло */**, шеа путер*/**, хидролат од смилје*/**, хијалуронска киселина*,  екстракт од малина*/**,   цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, етерично масло од лимон без фурокумарини*/**, етерично масло од нероли*/**

*Состојки од природно потекло 99,1%

** Состојки од органски узгој 63,3%

Пакување: 50 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Leda крема за лице со масло од калинка”

Your email address will not be published. Required fields are marked *