Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Fit Face pro age серум за лице

Fit Face pro age серум за лице

1.510,00 ден

SKU: 00000019 Category:

Fit Face серум за околу очи, лице, врат и деколте

Активен Pro Age серум со двојно повеќе природен хијалурон, ресвератрол, алга ламинарија и пантенол. Наменет за 40+ или за лица кај кои се појавуваат првите мимички брчки.

Видлив pro age ефект благодарение на синергија од хидратација, антиоксидативен ефект и ароматерапија. Овозможува интензивна длабока, долготрајна хидратација, зголемува тонус, опушта згрчена мускулатура на лицето, зголемува синтеза на колаген и еластин, регенерира клетки, го зголемува имунитетот на кожата.

Идеален е за сите типови на кожа. Нежен, смирувачки серум кој на кожата и дава здрав, измазнет и сјаен изглед.

Текстура: Лесна млечна емулзија

Мирис: освежителен и релаксирачки

Клучни активни компоненти

Природна хијалуронска киселина со двојни молекули – овозможува површинска и длабинска хидратација. Површинската хидратација дава т.н. „исполнувачки ефект”, a длабинската го зголемува тонусот. Визуелно кожата е со зголемен тонус и дава впечаток на измазнето лице.

Ресвератрол – моќен антиоксиданс кој го зголемува имунитетот на кожата, го изедначува тенот и ја штити кожата од стресорите од околината, особено УВ зраците.

Алга Ламинарија  – ин виво студија - 80% од испитаниците наведуваат  видливо намалување на брчките

Арома терапија – ја опушта и релаксира мускулатурата на лицето. Кога мускулатурата е во грч се создаваат брчки. Така превенира и измазнува мимички брчки. Го подига расположението преку олфакторниот систем.

Начин на употреба и совет плус:

Наутро и навечер нанесете го серумот на измиено и исчистено лице. Нанесувајте го со кружни движења или тапкање од средината кон краевите на лицето. Со нежно утапкување или блага масажа нанесете го оклолу очите. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето лице. Со серумите може да употребувате жаде ролер, Guasha од природен камен или дерма ролер.

Идеално е по серумот да нанесете Leda или Leda Lux крема за лице.

Состав: Хијалуронска киселина*/**, ресвератрол*/**,  сквалан*, пантенол, токоферол*,алга ламинарија*/**, растителен глицерин*, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, ксантан*, етерично масло од нероли*/**, етерично масло од босилек*/**.

*Состојки од природно потекло 99,4%

Пакување: 30 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Fit Face pro age серум за лице”

Your email address will not be published. Required fields are marked *