Fit Face концепт е холистички пристап во нега на кожа на лице, чија основна цел е здрава кожа со помалку брчки. Обединува природна здрава козметика и Face yoga (вежби за лице) со здрав животен стил. Здравата кожа изгледа сјајно, негувано и измазнето. Резултат е на правилна нега и грижа за сопственото тело. Здрава кожа не се постигнува преку ноќ, иако индустријата за убавина често нуди разни козметички производи, ветувајќи инстант решение. Најчест резултат од ваквите производи на долги стази е дехидрирана, уморна кожа, со меласма, слаб тонус и брчки. Здравата кожа е стил на живот, секојдневна грижа за себе си и себе љубов.
Ви ја пренесуваме нашата рутина, нашето знаење, како до убава кожа со помалку брчки, односно како да го одложиме стареењето или како здраво да старееме.
Што е тоа холистички пристап и што се опфаќа Fit Face концептот?
Многу фактори влијаат на изгледот на нашата кожа и тоа внатрешни и надворешни :
- ментално здравје
- Стрес
- Секојдневни животни навики
- Здравјето на цревата
- Ставот кон себе си
Затоа ние во Fit Face концептот ги обединивме:
- Здрава природна фитоарома козметика
- Face Yoga или вежби за лице
- Mindset и регулација на стрес
- Исхрана
- Хидратација
- Добар сон
Редоследот можете да го напишете како сакате. Не постои нешто што е повеќе или помалку важно. Сите заедно представуваат холистички пристап во нега на кожа на лице. Fit Face концептот е всушност концепт во согласност со природата на нашето тело кој ја поддржува и поттикнува природната функција на телото.
Каква храна треба да конзумираме?
Храна богата со високо хранливи материи представува спој помеѓу здравјето и убавината. Кожата има потреба од витамини, минерали, антиоксиданси, есенцијални амино киселини, есенцијални масни киселини. Здравата нега на кожа започнува уште во цревата; затоа она што го јадеме е подеднакво важно со она што го нанесуваме на кожата. Храната треба да изобилува со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, семиња, житарици од цело зрно надополнети пред се`со риба.
Не ја заборавајте ни хидратацијата. Таа е неопходна за целото тело, вклучувајќи ја и кожата. Хидратацијата е неопходна за оптимална функција на хијалуронот, а од тука и на еластинот и колагенот.
Face Yoga
Вклучува сет на вежби кои ја зголемуваат циркулацијата на лицето, помагаат во релаксацијата на мускулатурата и намалување на стресот. Вежбите за лице се моќна алатка во зголемување на тонусот на лицето. Запомни лицето како и телото го вежбаш само ако е добро хидрирано и под надзор на face yoga инструктор. Ако кожата е дехидрирана, или ако вежбите неправилно се изведуваат можеш да предизвикаш контраефект и потенцирање на брчките.
Fit Face козметика
Козметичка pro age линија која е дел од Еко Арома козметиката Ignea и вклучува
- Fit Face серум – хијалуронски серум за длабока хидратација.
- Leda Lux – хидрантна хранлива крема со природна УВ заштита
- Fit Face масло – хидрантно масло за масажа и лимфна дренажа
- И наскоро Fit Face тоник за чистење на лице
Представува спој од фито и арома терапија која има за цел да го негува и подготви лицето за јогиски вежби. Растителните компоненти се така одбрани да релаксираат, опуштаат делуваат како pro age компоненти и претставуваат вистинска wellness фитоарома терапија.
За крај
Fit Face концепт – ги собравме најмоќните фитотерапевтски pro age растителни компоненти и ги вградивме во Fit Face линијта. Ставивме дури и матични клетки од портокал и ќе ве научиме како правилно да го вежбате, да го масирате и негувате лицето. Се` со цел залудно да не изгубите ни секунда од времето кое сте си го посветиле себе си. Да се стигне до својата најдобра верзија потребни се свесност и време. Ќе превенираме, ќе поправиме и ќе уживаме во нашата внатрешна и надворешна убавина.
Освежи ја својата автентична убавина!
Јана и Нена
0 Comments