Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Leda teen night cream

Leda teen night cream

690,00 ден

SKU: 00000006 Category:

Ноќна крема лице за кожа склона кон акни

Блистав и светол тен, спречува и отстранува пигментации од акни, ги чисти и намалува порите, регулира лачење на себум.

Оваа крема со лесна текстура е идеална за нега на кожа со акни. Содржи природни овошни киселини изолирани од боровинка, шеќерна трска, лимон, портокал и јавор. Кератолитичкиот или пилинг ефектот е одговорен за создавање на таканаречената “нова кожа” сјајна, мазна, со изедначен тен и намалени хиперпигментации. Длабински ја хидрира кожата, го отстранува горниот мртов слој од кожата и овозможува активните компоненти од дневната крема за акни и серумот да навлезат подлабоко во кожата.

Различни студии покажуваат дека редовната, продолжена примена (3 до 6 месеци) на овошни киселини помага во потполност да се  намали интензитетот на создавање на акни, да се спречи создавање на хиперпигментации од акни како и да се осветлат хиперпигментираните области.

Природните овошни киселини се понежни и поприфатливи за кожата од оние добиени по лабораториски пат.

Кремата е со потполно избалансиран соства на вода, хидролат и липидни компоненти за да овозможи баланс на кожата и за да ја поддржи нејзината природна функција.

Текстура: Лесна, свиленкаста не масна емулзија

Мирис: лаванда и чајно дрво

Клучни активни компоненти

Природни овошни киселини   – кератолитички ефект, отстранува и превенира флеки од акни, чисти и намалува пори. Одговорни за т.н. “нова кожа”

Бисаболол  – антивоспалителен и регенерирачки ефект

Арома терапија – го регулира лачењето на себумот, го враќа хидро-липидниот баланс на кожата, го подига имунитетот, ги намалува порите

Начин на употреба:

Наутро нанесете ја кремата на измиено и исчистено лице. Нанесувајте ја со кружни движења од средината кон краевите на лицето. Не го заборавајте вратот и деколтето и тие се дел од Вашето тело.

За максимален ефект комбинирајте ја со Leda Тeen day cream и  Eternity С + серум .

Состав: шеа путер*/**, масло од јојоба*/**, масло од лешник*/**, екстракт од невен*/**, екстракт од малина*/**, хидролат од тимјан*/**,  бисаболол*, екстракт од боровинка*/**, ектракт од шеќерна трска*/**, екстракт од портокал*/**, екстракт од лимон*/**, екстракт од јавор*/**, цетеарил оливат*, сорбитан оливат*, растителен глицерин*/**, бензил алкохол, дехидрооцетна киселина, дестилирана вода*, пантенол, токоферол*, етерично масло од лаванда*/**, етерично масло од чајно дрво*/**.

*Состојки од природно потекло 99,4%

** Состојки од органски узгој 78,2%

Пакување: 50 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Leda teen night cream”

Your email address will not be published. Required fields are marked *