Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?
  • Home
  • /
  • Fit Face Програм
  • /
  • Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

by | Aug 7, 2024 | Fit Face Програм | 0 comments

Нашата кожа до средината на 20тите години е богата со Хијалурон, Колаген и Еластин и таа изгледа цврсто, еластично и мазно, но веќе кон 30те години почнува да се намалува производството на ХИЈАЛУРОНОТ, КОЛАГЕНОТ и ЕЛАСТИНОТ кои се клучни за изгледот на кожата и таа почнува да ја губи својата цврстина, се опушта и се појавуваат бори.

Face yoga е selfcare алатка која  помага за холистичкото здравје и подмладување

Како FACE YOGA помага за одржување на младоликиот изглед:

Со практикувањето на Face yoga се контрахираат и релаксираат 57 мускули на лицето, оние кои се слаби ојакнуваат( на пример образите го враќаат волуменот и се подигаат), а оние кои се тензични се релаксираат(пределот помеѓу веѓите, на челото и вилицата) и на тој начин мускулите добиваат нормален тонус.

Со активацијата на мускулите, се поттикнува производството на колаген и еластин, циркулацијата на крвта и енергијата и лимфната дренажа.

Како придружна алатка на негата за лице FACE YOGA помага големите молекули од козметиката да навлезат многу подлабоко во кожата на лицето за одржување на нејзината цврста и еластична структура, мазна површина и блистав тен.

На ист начин како што го вежбаме телото за да не пропадне истото се случува и со лицето кое ако го вежбаме, применуваме масажни и акупресурни техники долго време ќе биде свежо и младолико.

Зошто да започнете со FACE YOGA :

  •  за намалување на видливоста на борите
  • за подобрување на циркулацијата  и лимфната дренажа
  • за релаксација
  • природен face lifting
  • за подобрување на видот
  • подобрување на постурата
  • за поттикнување на работата на жлездите
  • за баланс на нервниот систем

Нена Јоновска, сертифициран faceyoga учител

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Resent Post
5 чекори за започнување со FACE YOGA

5 чекори за започнување со FACE YOGA

1. Пред се почнете да го набљудувате лицето во огледало, без да судите за она што забележувате, приметете како како се чувствувате додека го гледате лицето, што многу ви се допаѓа, а што помалку. Почнете да го допирате лицето на начин што ќе приметите кои се меки...

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт е холистички пристап во нега на кожа на лице, чија основна цел е здрава кожа со помалку брчки. Обединува природна здрава козметика и Face yoga (вежби за лице) со здрав животен стил. Здравата кожа изгледа сјајно, негувано и измазнето. Резултат е на...

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

Употребата на било каков заштитен УВ фактор при престој на плажа е подобар од никаков!!! Постои ли разлика помеѓу поедините УВ филтри присутни во средствата за сончање и дневните креми за лице и како функционираат е често прашање во нашето ателје за автентична...