Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

Минерален или хемиски филтер – како до правилна одлука?

by | Aug 7, 2024 | Новости | 0 comments

Употребата на било каков заштитен УВ фактор при престој на плажа е подобар од никаков!!!

Постои ли разлика помеѓу поедините УВ филтри присутни во средствата за сончање и дневните креми за лице и како функционираат е често прашање во нашето ателје за автентична убавина?

Постојат 2 вида на УВ заштитни филтри природни (минерални) и хемиски УВ филтри. Во групата на минерални УВ филтри спаѓаат цинк оксидот и титан диоксидот. Хемиските филтри се многубројни: avobenzone, oxybenzone, octocrylene, homosalate  и други. Поради специфичен спектар на заштита најчесто се комбинираат неколку од нив во еден ист производ.

Разликата помеѓу 100% природните минерални средства за сончање и оние со хемиски филтри е како домашно приготвена храна од домашно одгледани суровини и брза храна купена од сендвичара.

Хемиските УВ филтри делуваат по пат на апсорпција на УВ зраците. Се нанесат 20 мин пред изложување на сонце. Тие се апсорбираат во кожата и тука ги апсорбираат навлезените во кожа УВ зраци хемиски реагираат со нив и ги претвараат во топлина. Онаа топлина која ја чувствуваме во кожата веднаш по сончање не е само резултат на сонцето туку во голема мера се должи на оваа хемиска реакција и ослободената топлина. Многубројни испитувања и клинички студии упатуваат на тоа дека хемиските филтри можат да предизвикаат иритација на кожата, алергиски реакции, појава или влошување на меласма ( темни флеки на лицето, вратот, дланките), влошување на розацеа, еритема, егзема, дерматити и слично. Студии публикувани од страна на FDA  укажуваат на тоа дека некои хемиски филтри можат да се детектираат во сигнификантни дози во крвта, урината, мајчиното млеко неколку недели после апликација. Понекогаш се поврзуваат и со хормонски дисбаланс. Еколошки се неприфатливи и некои од нив се забранети за употреба во некои земји поради докажана токсичност за морскиот свет. Оштетувањето на коралните гребени се поврзува со хемиските филтри.

Минералните филтри, од друга страна, остануваат на површината на кожата, формираат физичка бариера и ги рефлектираат (одбиваат) УВ зраците. Нано облиците на цинк оксид и титан диоксид навлегуваат во кожата и од тука ги одбиваат сончевите зраци. Делуваат веднаш по нанесување и не предизвикуваат иритации на кожата. Еколошки се прифатливи особено нивните не-нано (non nano) облици. И цинк оксидот и титан диоксидот вклучувајки ги нивните нано облици се одобрени од FDA како безбедни УВ филтри со широк спектар на заштита.

Која е разликата помеѓу нано и не-нано облик на цинк оксид и титан диоксид?

Нано облиците се многу ситни честички. Се апсорбираат во кожата и можат да се детектираат во урината. Се користат во козметологијата поради тоа што не оставаат бел слој на површината на кожата. Не-нано облиците се големи честички кои не ја поминуваат кожната бариера и се апсолутно безбедни.

Кој треба да употребува производи за заштита од сонце со минерални природни филтри со не-нано облик?

Сите, особено бебиња, деца, трудници, лица со акни, алергии, хиперпигментации, дерматити.

Разликата помеѓу 100% природните минерални средства за сончање и оние со хемиски филтри е како домашно приготвена храна од домашно одгледани суровини и брза храна купена од сендвичара.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Resent Post
Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Нашата кожа до средината на 20тите години е богата со Хијалурон, Колаген и Еластин и таа изгледа цврсто, еластично и мазно, но веќе кон 30те години почнува да се намалува производството на ХИЈАЛУРОНОТ, КОЛАГЕНОТ и ЕЛАСТИНОТ кои се клучни за изгледот на кожата и таа...

5 чекори за започнување со FACE YOGA

5 чекори за започнување со FACE YOGA

1. Пред се почнете да го набљудувате лицето во огледало, без да судите за она што забележувате, приметете како како се чувствувате додека го гледате лицето, што многу ви се допаѓа, а што помалку. Почнете да го допирате лицето на начин што ќе приметите кои се меки...

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт е холистички пристап во нега на кожа на лице, чија основна цел е здрава кожа со помалку брчки. Обединува природна здрава козметика и Face yoga (вежби за лице) со здрав животен стил. Здравата кожа изгледа сјајно, негувано и измазнето. Резултат е на...