Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Нега на кожа на лице во лето – изложување на влијанија на сонце, сол , песок, ветер и високи температури
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Нега на кожа на лице во лето – изложување на влијанија на сонце, сол , песок, ветер и високи температури

Нега на кожа на лице во лето – изложување на влијанија на сонце, сол , песок, ветер и високи температури

by | Aug 7, 2024 | Новости | 0 comments

Лето – асоцира на море, одмор, слобода, уживање и релаксација. Меѓутоа лето значи и високи температури, изложеност на УВ зрачење, престој во климатизирани простории, екстремни надворешни услови, а ние сакаме убава, здрава и негувана кожа. Ваквите екстремни услови лесно доведуваат до дехидратација на нашата кожа, нарушување на хидролипидната бариера што води до проширување на порите и нивно затнување, иритации и алергиски реакции. Стресорите од околината, а особено УВ зраците предизвикуваат оксидативен стрес за нашата кожа и создавање на слободни радикали кои можат да ја оштетат клетката и ДНА, при што хијалуронот се намалува, колагенот и еластинот се оштетуваат, доаѓа до т.н. фотостареење на кожата, појава на брчки и хиперпигментации.

Затоа негата на кожата на лицето треба да ја адаптираме на надворешните услови!

Сонце, море, ветер, вода – истовремено најдобри наши пријатели, но и непријатели

Умерено изложување на сонце е неопходно за синтеза или активација на витаминот Д. Витаминот Д е неопходен за извршување на многубројни функции во нашиот организам меѓу кои и имунитетот. Запомни, употреба на хемиски заштитни СПФ филтри ја спречува синтезата на витамин Д. UVB зраците се најзаслужни за бронзениот тен и синтезата на меланин. Меланинот е наша природна заштита од сонце. Затоа бронзениот тен не е само естетска компонента, туку и голема здравствена придобивка. Престојот покрај вода релаксира, опушта, брановите создаваат негативни јони и сето тоа делува на лачење на серотонин и допамин и го подига нашето расположение. Песокот и морската сол се најдобриот пилинг за кожата. Морската вода е богата со минерали и најдобар лек за низа кожни болести.

Од друга страна пак при прекумерно изложување на сонце UVB зраците можат да доведат до оштетување на клетките, изгореници, црвенило или иритација. UVA зраците навлегуваат подлабоко во кожата и се одговорни за фотостареење, хиперпигментации и алергии. Екстремната топлина, ветрот кој често е присутен на плажа, солта ја дехидрираат кожата и ја нарушуваат хидролипидната бариера. Кожата се труди да компензира се лачи повеќе себум, се создаваат комедони, кожата се задебелува, може да дојде до иритација и алергија.

Затоа треба правилно да ја негуваме својата кожа и да се подготвиме за престој на плажа. Добро хидрирана кожа која е во хидро – липиден баланс, има добар имунитет и послабо гори.

Биди секогаш во баланс и конзумирај се` умерено.

Како да ја негуваме кожата во лето за да таа изгледа здраво, сјаjно и нежно?

Постојат неколку едноствани правила за да ја сочуваме убавината на здравата кожаз на лицето во лето:

  • ХИДРИРАЈ
  • НАХРАНИ
  • ЗАШТИТИ

Здравата кожа има зголемена потреба од хидратација. Хијалуронската киселина е најдобро средство за хидратација. Затоа Ignea го создадe ETERNITY H со природен облик на хијалурон, ресвератрол (моќен антиоксиданс), пантенол и витамин Е. Хијалуронот длабински ја хидрира кожата и ја спречува нејзината дехидратација. Ресвератролот спречува оштетување на клетките од IR и УВ зраците. Пантенолот ја регенерира кожата ако дојде до нејзино оштетување. За време на денови на плажа користи го 3 пати дневно!

Користи лесна хидрантна, хранлива крема со природна СПФ заштита. Таа ќе ја нахрани кожата и ќе ја одржува хидрирана. Leda и Leda Lux се креми 3 во 1. Ви овозможуваат хидратација, исхрана и УВ заштита. Содржат хијалурон од природно потекло, смиље (смил), високо квалитетни масла и путери и природна УВ заштита.

Заштити ја кожата на лицето од штетните влијанија на УВ зраците. Синергија од хидратација, регенерација (антиоксидантна активност) и УВ заштита е секогаш добитна комбинација. Добро хидрирана кожа потешко гори затоа хидрирај ја. Серуми и креми богати со антиоксиданси ја регенерираат и штитат кожата од оштетувањето од УВ зраците. Природната УВ заштита е сосема доволна за секојдневните активности.

Избегнувај користење на премногу козметички препарати, „тешки” креми, агресивни средства за чистење и серуми со ретиноиди.

Направи по некоја вежба за лице, хидрирај се одвнатре со свежа вода, вода со лимон, краставица, ѓумбир; јади лесна свежа храна (зеленчук и овошје), релаксирај се, спиј добро и уживај во најубавата здрава кожа ова лето!

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Resent Post
Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Нашата кожа до средината на 20тите години е богата со Хијалурон, Колаген и Еластин и таа изгледа цврсто, еластично и мазно, но веќе кон 30те години почнува да се намалува производството на ХИЈАЛУРОНОТ, КОЛАГЕНОТ и ЕЛАСТИНОТ кои се клучни за изгледот на кожата и таа...

5 чекори за започнување со FACE YOGA

5 чекори за започнување со FACE YOGA

1. Пред се почнете да го набљудувате лицето во огледало, без да судите за она што забележувате, приметете како како се чувствувате додека го гледате лицето, што многу ви се допаѓа, а што помалку. Почнете да го допирате лицето на начин што ќе приметите кои се меки...

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт е холистички пристап во нега на кожа на лице, чија основна цел е здрава кожа со помалку брчки. Обединува природна здрава козметика и Face yoga (вежби за лице) со здрав животен стил. Здравата кожа изгледа сјајно, негувано и измазнето. Резултат е на...