Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

ЗА НАС

за нас

Живееме во свет во кој секојдневно не потсетуваат дека стареењето не е добро, дека не сме совршени дека постојано треба нешто да поправаме на нас. Индустријата за убавина секојдневно не уверува дека имаме недостатоци кои треба да ги корегираме, но вистината е дека ние сме убави такви какви што сме. Ништо во врска со нашиот изглед не треба да се корегира. Ние носиме толку многу автентична убавина во нас што постои од самиот почеток, расте со нас и постојано се менува.

И не треба да бидеме совршени. Треба само да бидеме посебни и автентични. А годините, треба да бидеме горди на нив, тие во себе ја носат нашата мудрост, искуства и знаења!

Секоја линија на нашето лице е сведоштво за нашиот животен пат, на периодите на радост и успех како и  на научените лекции и надминатите потешкотии во животот. Не грижете се за недостатоците бидејќи нашето лице е книга со приказни за сите неверојатни авантури што сме ги искусиле, подемите и падовите низ кои сме поминале и сите знаења што низ животот сме ги спознале.

Затоа ние постоиме за да ви ја вратиме самодовербата во сопствениот изглед и да Ви помогнеме да се чувствувате добро во сопствената кожа. Ви нудиме производи кои на Вашата кожа и го даваат она што токму нејзе и треба – ништо повеќе, ништо помалку.

Ignea не е само козметика. Тоа е стил на живот. Тоа е луксузна природна козметика креирана и произведена од страна на дипломиран фармацевт спец. по фитотерапија. Три принципи се во основа на  Ignea еко арома козметика: скинимализам, фитотерапија и ароматерапија. Секоја компонента е посебно одбана за да на кожата и го даде она најпотребното: хидратацијата, исхраната, заштитата.

Резултат од сето тоа е воспоставување на хидро-липидниот баланс , поттикнување на природните процеси во кожата, подигање на нејзиниот имунитет и затоа кожата изгледа здраво. Ароматерапијата како дел од секоја линија ја поттикнува добросостојбата на секој поединец; релаксира, опушта, расположува што Ignea ја прави вистинска  wellness фито-арома козметика.

Кожата изгледа здрава, сјајна, негувана, измазнета. Нашата кожа е нешто повеќе од убава слика – таа е есенцијална компонента на нашата самодоверба и сигурност. Како што самите бираме што ќе јадеме и со што ќе го нахраниме нашиот организам, така сами бираме што ќе нанесеме на нашата кожа и со што ќе ја исхраниме – затоа велам Ignea е себељубов. Негувај се и сакај се себе си. Затоа што убавината доаѓа и зрачи од внатрешноста!

нашите производи

Сите наши производи се креирани со цел унапредување на здрав животен стил. Природните состојки се внимателно одбрани, додадени во концентрации кои имаат научно докажан позитивен ефект на кожата што нашите производи ги прави високо ефикасни.

Целта ни е посакуваниот ефект и задоволството на клиентот пред се.

Произведуваме мали серии за да обезбедиме свеж производ и максимално дејство на составните компоненти.

Во нашите производи нема алуминиум, парабени, сулфати, нафтени деривати, минерални масла, вештачки бои, мириси и синтетички конзерванси.

Работиме со растителни суровини. Бираме природни извори на хијалурон, ресвератрол, витамин ц, салицилна киселина… а не оние добиени по лабораториски пат, затоа што веруваме дека природните суровини во себе носат животна вибрација, прифатени се од кожата како дел од неа и даваат далеку подобри резултати од лабораториски произведените.

“The beauty of the skin is in simplicity”

нашите клиенти

Игнеа козметика користам уште од првите обиди на Јана да создаде природен еликсир за младост и убавина и убедена сум дека изгледот на мојата кожа е резултат на допирот со природата без вештачки адитиви, козметика создадена со љубов, големо научно познавање и усовршување.

На работно место моето лице е постојано изложено на светлина од рефлекторот и често добивам прашања за тајната на свежиот и младешки изглед на мојата кожа. Со задоволство ја споделувам со сите, ИГНЕА козметика, особено серум Eternity H и Leda Lux кремата со матични клетки од портокал.

д-р Ирена Арсовска

Специјалист Ортодонт

Само со еден збор можам да кажам за вашите производи ФЕНОМЕНАЛНИ се. Сите производи: маслото, хијалуронскиот серум, кремите за лице, путерот за тело, сапуните… сите се фантастични. Се имам пробано и од ништо не би се откажала. Конечно во IGNEA го пронајдов тоа што го барав долго време. Кожата на лицето ми е здрава, мека, негувана и хидрирана, ја чувствувам како памукче 😉. Е сега борите можеби се малку намалени, ама сепак не можеме да ги избришеме нашите години. Меѓутоа може да се потрудиме да изгледаме убаво, свежо и здраво, а јас тоа го постигнав со IGNEA. Никогаш не би ги менувала производите на IGNEA. Жените треба да имаат можност да ги пробаат препаратите и никогаш повеќе не би купиле други.

д-р Татјана Тимова

Спец. по трансфузиона медицина

Путерот за стрии Mommy To Be e незаменлив. Ги пробав сите препарати и од ниеден не бев задоволна. Од 5ти месец на бременоста почнаа да се појавуваат стрии. Кога го открив Mommy To Be повеќе не го сменив. И немав нови стрии откако почнав да го користам. Дури имам чувство дека бројот на стриите се намали како и нивната видливост. Путерот е одличен од конзистенција, мазивост, нанесување. На крајот го мачкав по цело тело и никогаш во живот таква кожа не сум имала. Онаа е просто неверојатно. Нежно, мазно, примамливо. Секоја трудница ова мора да го користи.

Елена Крстевска

Економист

Ignea е огледало на нашата внатрешна и надворешна убавина освежена и негувана со Leda Lux со матични клетки од портокал и со секојдневен сјај со Fit Face серумот.

Анита Димовска

професор по англиски јазик и книжевност

Откако ги користам хијалуронот и кремата, мојата кожа, освен што е убаво хидрирана и добро нахранета – буквално свети! Продолжи да создаваш магија! Гушки

Тања Мишевска

Дипл. Хемичар

Вие ја имате најдобрата крема за лице, најдобриот хијалуронски серум, масло за сончање и најдобриот дезодоранс. Ова не е ни фалба, ни маркетинг, ни претерување. Ова едноставно е. Сум пробала доста ваши производи но овие 4 кај мене навистина прават разлика со видлив ефект.

Д-р Билјана Павлова

Спец. по општа медицина