Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Сонце, море, песок – како до здрав и природен бронзен тен
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Сонце, море, песок – како до здрав и природен бронзен тен

Сонце, море, песок – како до здрав и природен бронзен тен

by | Aug 7, 2024 | Новости | 0 comments

Летото асоцира на море, плажа и уживање. Тоа ја буди желбата за сончев бронзен тен кој долго трае. Но секое лето наместо тоа – портокалово бели шари или црвена изгорена кожа. Дали е возможно да се добие сончев воедначен бронзен тен кој потсетува на далечни егзотични места? Ignea еко козметика веќе со години работи на ова поле и последниве 2 – 3 години нуди успешно решение.

Што значи бронзен тен и на што се должи таа боја?

Бронзената боја потекнува од пигментот меланин кој го создаваат клетки од кожата меланоцити под дејство на УВ зраците. Меланинот е многу важен за нормално функционирање на нашиот организам. Тој има низа функции.

  • Протективна улога особено за нашата кожа. Спречува УВ зраците да продрат во внатрешноста на дермисот и да ги оштетат нашите клетки. Колку е поинтензивна бојата, односно количината на меланин толку е поголема заштитата.
  • Антиоксидативен ефект – ги неутрализира слободните радикали кои настануваат под дејство на УВ зраците. Слободните радикали можат да ја оштетат клетката и ДНА.
  • Имуномодулаторен ефект – Во поново време клиничките студии ја потенцираат важноста на меланинот за севкупниот имунитет вклучувајќи ја и кожата.

Ако ги земеме сите овие податоци во предвид вклучувајќи го ефектот и на морската вода, станува јасно зошто многу состојби или болести на кожата се подобруваат или исчезнуваат со престој на море.

Уште еден многу важен бенефит за нашето здравје кога се во прашање УВ зраците е синтезата и активацијата на витамин Д.

Впрочем природниот бронзен тен не е само „in“ во последно време туку  и вистинска здравствена придобивка. УВ зраците и сонцето не треба да ги доживуваме како ноќна мора туку потреба за подобро здравје и вистинска животна енергија.

Сепак да не заборавиме дека најдобро време за уживање во сончевите зраци е до 11.00h наутро и по 17.00h попладне. Печење на директно сонце и горење на кожата со цел да се добие бронзена боја не само што не е препорачливо туку предизвикува низа здравствени и естетски проблеми.

Како до здрав и природен бронзен тен?

Здравиот животен стил несомнено сам по себе придонесува за ваков тен. Ако не сте припадник на оваа група во секој случај има решение. Следете неколку едноставни чекори ова лето и ќе уживате безбедно на плажа без опекотини.

Чекор број 1 – Подготви ја својата кожа.

Најбитно е кожата да биде добро хидрирана пред да се изложи на сонце. Добро хидрирана кожа кај која е постигнат хидролипиден баланс има добар имунитет, функционира оптимално и многу потешко гори. Хидрирај ја својата кожа и одвнатре и однадвор. Најдобро средство за хидратација е свежа негазирана вода. Секојдневно пиј 8 чаши вода дневно, во летните жешки денови и повеќе. Вода со лимон или вода со краставица, лимон, ѓумбир е исто така одлична комбинација. Користи лесни хидрантни серуми и креми. Најдобра козметика е природната козметика. Информирај се за тоа што го користиш. Она што го аплицираш на својата кожа мора да содржи најмалку 90% природни суровини. Најчест причинител за дехидрирана кожа е несоодветна нега и употреба на секакви козметички препарати. Хидрантни природни путери, лосиони, млека за тело се одлично средство кожата да биде здрава, хидрирана и негувана.

Чекор број 2 – Исхрана богата со β каротен.

β каротенот ја стимулира синтезата на ензимот тирозиназа кој учествува во синтеза на меланинот. Освен ова β каротенот е јак антиоксиданс и го спречува оштетувањето на клетките од слободните радикали настанати под дејство на УВ зраците. Намирници богати со β каротен се овошјето и зеленчукот особено: морков, домат, пиперка, кајсија…

Чекор број 3 –  Природни средства за сончање на база на минерални СПФ заштитни фактори и β каротен.

Иновација на Ignea е 100% природното масло за сончање Honolulu Sun Oil Spray СПФ 20+. Ова средство за сончање само ја поддржува природната функција на кожата во синтеза на меланин.

Направивме спој од здрав минерален СПФ фактор non nano цинк оксид и масла богати со β каротен и антиоксиданси. Фитотерапијата и ароматерапијата во Honolulu Sun Oil Spray формира фито комплекс кој под дејство на сончевите зраци дава бронзен изедначен тен кој долго трае.  Присуството на невен во самата формулација бргу ја регенерира кожата, го подига нејзиниот имунитет и спречува изгореници. Honolulu Sun Oil Spray дава заштита на повеќе нивоа, која се одвива истовремено:

  • рефлексија на УВ зраци
  • антиоксидативна активност и спречување на оштетување на клетката
  • регенерација

Првите денови искомбинирај го со минерален спф 50+ и добиј природен и здрав тен.

Чекор број 4 – За време на сончање кожата сочувај ја здрава и хидрирана.

Никако не дозволувај да изгориш. Користи природен after sun (лосион по изложување на сонце) за да ја смириш и регенерираш кожата. Ignea Body Butter е идеален природен after sun богат со пантенол, алантоин, витамин Е, антиоксиданси кој бргу ја регенерира воспалената и зацрвенета кожа од една страна и ја хидрира и ја одржува нејзината еластичност од друга.  Хидрираната кожа е здрава, во хидролипиден баланс, функционира нормално и тоа е одговорот зошто синергијата од Honolulu Sun Oil Spray и Body Butter дава сончев бронзен тен кој долго трае.

Запомни дека само умерено конзумирање на сонцето значи здравје и среќа. Биди во баланс. Немој да дозволиш твојата кожа да се воспали – уште помалку да изгори. Чувај ја својата кожа, таа ќе те претставува цел живот.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Resent Post
Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Како FACE YOGA помага за благосостојбата и младиот изглед на кожата?

Нашата кожа до средината на 20тите години е богата со Хијалурон, Колаген и Еластин и таа изгледа цврсто, еластично и мазно, но веќе кон 30те години почнува да се намалува производството на ХИЈАЛУРОНОТ, КОЛАГЕНОТ и ЕЛАСТИНОТ кои се клучни за изгледот на кожата и таа...

5 чекори за започнување со FACE YOGA

5 чекори за започнување со FACE YOGA

1. Пред се почнете да го набљудувате лицето во огледало, без да судите за она што забележувате, приметете како како се чувствувате додека го гледате лицето, што многу ви се допаѓа, а што помалку. Почнете да го допирате лицето на начин што ќе приметите кои се меки...

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт – што е тоа?

Fit Face концепт е холистички пристап во нега на кожа на лице, чија основна цел е здрава кожа со помалку брчки. Обединува природна здрава козметика и Face yoga (вежби за лице) со здрав животен стил. Здравата кожа изгледа сјајно, негувано и измазнето. Резултат е на...