Гратис достава со нарачка над 2500 ден.

Политика на приватност
  • Home
  • /
  • Политика на приватност

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

При посета на веб- страницата www.igneacosmetics.com се собираат и обработуваат податоци кои вие лично доброволно ги доставувате при Вашата регистрација (креирање на сметка) или користење на услугата on-line продажба. Доколку   преземете било кои од овие дејствија се подразбира дека давате согласност за обработка на Вашите лични податоци за целите за кои ги доставувате. Со Вашите лични податоци се постапува согласно документот за приватност на интернет. За правилна обработка на Вашата нарачка неопходни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење, е-пошта и телефонски број. Со помош на овие податоци ќе можеме да ви ги испорачаме саканите производи, како и да ве информираме за моменталниот статус на Вашата нарачката. При тоа, ние се обврзуваме да ја заштитиме приватноста на сите наши клиенти. Вашите податоци се достапни само на вработените на кои им се неопходни за да ги извршуваат своите работни обврски. Сите вработени во компанијата Игнеа Козметика ДООЕЛ се одговорни за почитување на принципите за заштита на приватност согласно Законот за заштита на лични податоци. Собираме само неопходни, основни податоци за клиентите и податоци неопходни за работа и информирање на клиентите во согласност со добрите деловни практики и со цел да обезбедиме квалитетна услуга. Корисниците имаат право на избор вклучувајќи ја и можноста да одлучат да бидат отстранети од нашата мејлинг листа. Игнеа Козметика ДООЕЛ се обврзува дека нема да ги користи податоците за било која друга цел, ниту пак да ги проследува до трети лица.

Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од Игнеа Козметика ДООЕЛ врз основа на писмено барање доставено на е-адреса igneacosmetics@yahoo.com имате право:

– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,

– Да пристапите до Вашите лични податоци,

– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете стопирање на нивната понатамошна обработка,

– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.

Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци од страна на ИГНЕА Козметика ДООЕЛ, имате право да се обратите и до:

Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk