Нашата кожа до средината на 20тите години е богата со Хијалурон, Колаген и Еластин и таа изгледа цврсто, еластично и мазно, но веќе кон 30те години почнува да се намалува производството на ХИЈАЛУРОНОТ, КОЛАГЕНОТ и ЕЛАСТИНОТ кои се клучни за изгледот на кожата и таа почнува да ја губи својата цврстина, се опушта и се појавуваат бори.
Face yoga е selfcare алатка која помага за холистичкото здравје и подмладување
Како FACE YOGA помага за одржување на младоликиот изглед:
Со практикувањето на Face yoga се контрахираат и релаксираат 57 мускули на лицето, оние кои се слаби ојакнуваат( на пример образите го враќаат волуменот и се подигаат), а оние кои се тензични се релаксираат(пределот помеѓу веѓите, на челото и вилицата) и на тој начин мускулите добиваат нормален тонус.
Со активацијата на мускулите, се поттикнува производството на колаген и еластин, циркулацијата на крвта и енергијата и лимфната дренажа.
Како придружна алатка на негата за лице FACE YOGA помага големите молекули од козметиката да навлезат многу подлабоко во кожата на лицето за одржување на нејзината цврста и еластична структура, мазна површина и блистав тен.
На ист начин како што го вежбаме телото за да не пропадне истото се случува и со лицето кое ако го вежбаме, применуваме масажни и акупресурни техники долго време ќе биде свежо и младолико.
Зошто да започнете со FACE YOGA :
- за намалување на видливоста на борите
- за подобрување на циркулацијата и лимфната дренажа
- за релаксација
- природен face lifting
- за подобрување на видот
- подобрување на постурата
- за поттикнување на работата на жлездите
- за баланс на нервниот систем
Нена Јоновска, сертифициран faceyoga учител
0 Comments