Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката во недела за Големата награда на Австрија. Ова му е трета трка по ред во која ќе тргне од првата позиција, а претходните две ги круниса со триумф.

Ферстапен го извозе најбрзиот круг со време од 1:03,720, а зад себе го остави Ландо Норис од Мекларен, додека трет во квалификациите беше Серхио Перез.

Актуелниот шампион, Луис Хамилтон ќе тргне од четвртата позиција, а Валтери Ботас е шести, додека во топ-10 се уште и Пјер Гасли, Јуки Цунода, како и Себастијан Фетел, Џорџ Расел и Ленс Строл.

Трката за Големата награда на Австрија се вози утре од 15 часот.

[ajax_load_more]