Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е задоволен од победата над Камерон Нори и пласманот во осминафиналето на Вимблдон, но тој посочува дека можел да ја заврши работата и во три сета.

Легендарниот играч славеше против Британецот со 6-4, 6-4, 5-7, 6-4 за два часа и 36 минути игра.

„Сега се чувствувам мирно и лесно. Бев близу до сервирање за 3-0, но добивме уште еден сет, кој Нори го заслужи, тој одигра одлично денес. Успеав да одржам високо ниво на игра. Тој направи брејк на крајот од третиот сет, но севкупно сум задоволен од тоа како играв“, изјави 39-годишниот тенисер.

Освојувачот на 20 гранд-слам титули по 18-ти пат во кариерата ќе се најде во втората недела од продолжението на Вимблдон.

„Убава статистика. Играв многу тенис, уживам во секоја минута, се надевам дека има уште сила во мене. Задоволство е да продолжам да играм. Ова е посебно. Јас сум скоро 40 години. Во оваа фаза сè е бонус“, додаде Федерер.

Во борбата за четвртфиналето, Роџер ќе се сретне со Италијанецот Лоренцо Сонега.