Кошаркарите на Феникс се изборија за големото финале во НБА лигата. Во финалето на Западот, Феникс со 4-2 во серијата славеше против ЛА Клиперс, откако во шестиот меч синоќа славеше со 103-130.

Неверојатна партија во синоќешната победа одигра Крис Пол кој постигна 41 поен, дополнети и со осум асистенции. Го следеше Букер со 22 поени, седум скока и четири асистенции, а одлична улога имаше и Краудер со 19 поени и пет скока.

Во тимот од Лос Анѓелес, Морис мечот го заврши со 26 поени и девет скока, му помогна Џорџ со 21 поен и девет скока.